Брисел уште еднаш го повика Собранието да го усвои Законот за јавното обвинителство пред неговото очекувано распуштање во февруари. Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, рече дека Скопје не треба да стои настрана и да чека почеток на преговорите, а ги критикуваше партиите за предвремен почеток на изборната кампања, пренесе Алсат М.

Ќе споменам три прашања кои се надеваме дека ќе ги унапредиме: Прво е Законот за јавното обвинителство, второ е Изборниот законик и трето, исто така се надеваме дека доаѓањето на европратениците на крајот на неделава и следната сесија на Дијалог Жан Моне ќе донесе договор околу правилата за постапката, за што неколку пати се дискутираше“-рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.