Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со консензус.

Според него, случајот „Рекет“ покажуава дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата и не гледа причина за политичка криза.

Имате институции што функционираат. Јавното обвинителство функционира и специјалното обвинителство функционира и ќе функционира до 15 септември. Специјалната јавна обвинителка Јанева си поднесе оставка и тоа го имаме предвид. Сега политичките лидери имаат одговорност да најдат решение за идното функционирање на СЈО, а една од можностите е да биде интегрирано во рамките на Јавното обвинителство. Има доволно време да се најде решение. Веруваме дека парламентот ќе го донесе законот со консензус – рече Жбогар.

Новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, кој минатата недела го презентира премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. За носење на законот потребно е двотретинско мнозинство. Според текстот на законскиот предлог, специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.