Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кон средината на идната недела ќе се врати на работа и лично ќе ја продолжи истрагата за случајот „Рекет“. Од Јавното обвинителство на РСМ велат дека „според утврдениот распоред и решението, првиот дел од одморот на обвинителката Русковска завршува во среда (14 август)“, објави 360 степени.

Ова би значело дека обвинителката во СЈО надлежна за случајот „Империја“, Лиле Стефанова, повикана во вторник во ОЈО за гонење организиран криминал, ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Русковска додека таа е на одмор. Следните денови на распит треба да се појави и Катица Јанева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.