По 14 дена завршува карантинот во Дебар и лицата кои беа затечени во градот, а живеат во други градови ќе бидат тестирани. Потоа, согласно резултатите, ќе бидат пуштени да си одат дома, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена вонредна состојба на 13 март. Во Дебар досега вкупно има 43 лица дијагностицирани, од кои две починаа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.