Во тек е идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје. Вработените во Судска медицина работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од загинатите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.
Билансот од несреќата е 14 мртви, повеќемина повредени од кои седум лица сѐ уште се во критична состојба.
Трагедијата се случи околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.