Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека e завршена новата енергетско ефикасна фасада на СОУ „Перо Наков“ и извршена е комплетна замена на старите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци во СОУ „Перо Наков”.

Го враќаме сјајот на училиштата во Куманово! Оваа година, во истото училиште направивме партерно уредување и поставивме нова ограда на
училишниот двор. Набавивме нови 200 столчиња и 100 клупи, како и 97 компјутери и 7 смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика во матичниот и дисперзираниот објект на училиштето СОУ „Перо Наков” и поставивме нов систем за греење во спортска сала на СОУ „Перо Наков“, рече Димитриевски.

Во 2021 година, во СОУ „Перо Наков“ поставени се 2 рампи за ученици со попреченост, набавени се 30 смарт табли и еден смарт телевизор. Истата
година, извршено е лакирање и репарација на паркет во спортската сала во главниот објект на училиштето.

Димитриевски, истакна дека и во 2020 година се реализирани вложувања и подобрувања во средното општинско училиште.

Изградено е ново мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови и кошеви во СОУ „Перо Наков”. Направена е целосна реконструкција на 2
училници со заменети прозорци, подови, систем за греење, демонтажа на ламперија и спуштени плафони. Набавени се 20 персонални компјутери за потребите на школото. Санирани се санитарни јазли во објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански наставен јазик и ученици на македонски наставен јазик. Набавени се нови радијатори за објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански наставен јазик. Реконструирани се подовите во 5 училници и набавени се 15 принтери за потребите на училиштето. Исто така, набавени се 10 компјутери со софтвер за сметководство преку МОН во СОУ „Перо Наков“. Набавени се и 87 ученички столчиња и заменети се старите радијатори со нови во 3 училници, а набавени се нагледни средства за кабинетска настава и спортски активности во ова школо“, потенцираше Димитриевски.

Во 2019 година, извршено е реновирање на 14 училници и заменети се старите прозорци со нови ПВЦ прозорци во 2 училници и 4 канцеларии во
СОУ „Перо Наков“. Санирани се балконите во објектот на училиштето каде што се одржува настава на албански наставен јазик, лоциран во с. Бедиње

Истата година, направена е замена на старите прозорци во СОУ „Перо Наков“ со нови ПВЦ прозорци во 14 училници, преку проект финансиран од страна на УСАИД и Општина Куманово. Набавени се 3 интерактивни смарт табли, професионален принтер и копир за потребите на училиштето. Поставени се ЛЕД рефлектори во спортската сала на главниот објект од училиштето СОУ „Перо Наков“, рече Димитриевски.

Во 2018 година реализирано е изградба на нова училишна спортска сала во објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански
наставен јазик, проект во реализација на МОН во соработка со Општина Куманово. Направена е нова кујна која е целосно опремена, добиени се 2
разбои, 2 машини за везење и машина за шиење, заменети се 3 ПВЦ прозорци, 3 ПВЦ врати и шалтерски прозорец, набавени се 2 катедри, 2
канцелариски столови, 50 столчиња и поставен е ламинат од 170м2 преку ИПА проект за социјално претприемништво во училиштето.

Набавени се 30 училишни клупи, 60 училишни столчиња, 4 канцелариски столчиња, 1 биро и 8 табли преку МОН во СОУ „Перо Наков“. Заменети се
старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци во 3 училници во СОУ „Перо Наков“.

Тој додава дека дополнително е изграден паркинг во непосредна близина на училиштето. Уредена е пристапната патека, поставени се железни столпчиња на тротоарите, како и средства за забавување на сообраќајот за поголема безбедност на учениците, пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.