Од Државниот завод за статистика (ДЗС) негираат дека побарале одложување на Пописот поради состојбата со корона вирусот.

Од ДЗС информираат дека забрзано се подготвуваат за теренските пописни активности, кои се одвиваат во согласност со планираните рокови.

Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе почне на 1 април 2021 година – се наведува во соопштението на ДЗС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.