По петмесечно чекање, затворските полицајци кои ги исполнуваат условите ја дочекуваат заслужената пензија, објави Сител. Претениците денеска по скратена постапка ги изгласаа измените во Законот за извршување на санкциите, со кој се исправа грешката од претходниот закон, кој спречуваше овие полицијаци да станат пензионери.

Законот беше едногласно донесен, но и покрај поддршката, претаниците од опозицијата посочија дека и овој текст носи недоречености.

Затворската полиција во неколку наврати преку протести бараше да се донесат измените во Законот за санкции. Околу 50 нивни припадници кои навршиле стаж за пензионирање не можеа да се пензионираат, бидејќи во стариот Закон донесен во мај законодавецот не предвидел коефициент за исплата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.