Затворски полицаец од затворот во Штип, кој девет дена не бил на работа, е заразен со Ковид-19.

Како што информира директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров, со овој случај, бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачи на пет. Во моментов се заразени двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова, информира дека, освен новиот случај во Затворот, има позитивни случаи и во новиот штипски текстилен кластер и нивни контакти.

Епидемиолозите дневно земаат од 20 до 30 брисеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.