Затвореници од затворот во Струмица се изживуваат врз поранешниот началник на полициска станица Кочани, Ванчо Тодоровски, кој и самиот издржува казна затвор. На видеото, кое е објавено на социјалните мрежи, се слуша како останатите затвореници го приморуваат да земе метла и да мете, за да може да го снимаат.

Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнуд .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.