Нова сезона, стари проблеми со воздухот, решенија – никакви. Македонија заспива и се буди во смог, со екстремно загаден воздух.

Поради маглата и големата концентрација на ПМ-10 честитчките, Водно веќе неколку дена како да не е дел од Скопје, па наместо есенските бои на планината, познатото сивило и смогот се единствената глетка за скопјани.

Тешко се дише и во Кавадарци, Гостивар и Велес. Екстремно загаден воздух дишат и жителите на Куманово и Тетово. Најголема загаденост вчеравечер имаше во Кавадарци, над девет пати од нормалната граница на ПМ 10 честичките. Загаденоста во Гостивар беше над седумпати, додека во скопската населба Лисиче шест пати над дозволеното. Лекарите предупредуваат дека ситните ПМ честички во воздухот предизвикуваат сериозни малигни заболувања, тешко дишење и воспалување на белите дробови.

Ова се дел од мерките во моментов:

Од УХМР за „Канал 5“ објаснуваат дека во моментов Скопје има магла и т.н ниска облачност, но дека без загадениот воздух сликата ќе биде сосем различна.

Доколку нема честички на загадувачки материи нема да има толку кондензациони јадра во атмосферата, на кои што ќе имаме кондензација на водената пареа и стварање на магла, изјавија од УХМР.

Загадениот воздух е еден од главните сојузници и на коронавирусот, бидејќи, според експертите, тој се лепи за честичките и може подолго да остане да лебди. Тоа беше и главниот аргумент за воведувањето на задолжително носење на маски на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.