Почна протестот за поддршка на жртвите од случајот „Јавна соба“, каде што илјадници членови споделуваа фотографии на жени, девојки и малолетнички, лични податоци и навредливи и понижувачки коментари.

Пред Министерството за внатрешни работи се собраа граѓани и активисти кои бараат институциите да го расветлат случајот и инволвираните лица да понесат одговорност.

Маршот ќе продолжи до Основното јавно обвинителство.

Организаторите и поддржувачите бараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот, соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.