Извори во одбраната на луѓе инволвирани во предметите на СЈО тврдат дека најмалку еден од заштитените сведоци од случаите кои беа водени во сега згаснатата институција бара посебни гаранции дека и во иднина неговиот идентитет ќе биде целосно заштитен, пишува порталот Инфомакс.

Сведоци сега се плашат дека со префрлање на предметите во Јавното обвинителство можат да бидат компромитирани, односно дека нивниот идентитет може да биде откриен. Нивните правни советници им сугерираат дека ЈО мора да имаат идентични или приближно безбедни протоколи за заштита на идентитетот на тајните сведоци какви што функционирале во СЈО. Дали дел од заштитените сведоци ќе се откажат од сведочење поради страв од откривање на нивниот идентитет сега зависи од ЈО кое мора да воспостави содветни протоколи кои засега се различни од тие што беа воспоставени во СЈО, тврдат правни застапници за Инфомакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.