Нема напредок на лидерската помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, брифираат извори од преговарачките тимови. Од власта велат дека нема напредок за ниедна точка. На истиот став е и опозицијата.
Взаемна согласност има само околу констатацијата дека СЈО е завршена приказна и мртва институција.“ вели извор од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално, најмногу полемика имало кој да го предлага новиот шеф за новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. На маса се нашла и аферата „Рекет“.
Лидерската средба меѓу експертските тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предводени од премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, треба да одговори на прашањето дали конечно ќе се постигне доближување на ставовите на власта и опозицијата и ќе се услгласи текстот на Законот за ЈО и дали ќе се постигне одлука за предвремени избори, кои опозицијата ги постави како услов за одржување на средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.