Вчера околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Исто така, во 13.10 часот А.Р.(46) од Скопје пријави дека околу 12.45 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од него.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Станува збор за инциденти настанати поради тоа што заразени од корона вирус се обидуваат да влезат на Клиниките без да ги почитуваат протоколите соодветни за овие здравствени институции во време на раширена пандемија, односно неносење маски при влезот во објектот и разговорите со болничкиот персонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.