Заради СДСМ имаме енергетска криза, поскапи цени и сиромаштија, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради неспособноста на СДСМ и криминалот во РЕК Битола немаше јаглен во старт на грејна сезона, а наместо да се произведува со оптимален капацитет мораше да се увезува скапа струја.

Заради неспособноста и криминалот на СДСМ народот плаќа и до 30% поскапи сметки за струја.

Затоа што владата не направи залихи кога сите правеа, имаме и до 100% поскапи основни производи.

СДСМ е причината за сите кризи и тие не можат никако да бидат решение. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, од кои СДСМ бега и ја заглавува државата се повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.