Во овие моменти на Факултетот за туризам угостителство и организациони науки започна комеморативната седница на која оваа научна установа се збогува со својот професор Јован Стојаноски, кој во моментот на смртта беше на функцијата Градоначалник на Охрид.

Во име на студентите на факултетот беше прочитано проштално писмо во кое стутентите на професорот Јован Стојаноски од него се простија со слоганот „Адио Профа“.

Пред присутните се обраќа Деканот Цветко Андреески, а во име на Универзитетот ќе се обрати Ректорот Сашо Коруновски.

Се обрати и Климе Попоски директор на агенција за супер визија на осигурување.

На крај на присутните им се обрати Димитар, синот на професорот Јован Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.