Пред Владата на Република Македонија, на булеварот „Илинден“, пристигаат монтажните контејнери во кои ќе се вселат „институции и граѓани на Република Македонија“.

Семакедонскиот национален конгрес на Тодор Петров и и Единствена Македонија на Јанко Бачев од викендов ја градат Република Македонија, ограден камп со контејнери и шатори, кој симболично ќе го означува она што остана од нашата држава.

Полицијата не дозволува да се монтираат контејнерите, бидејќи организаторот пријавил дека ќе монтира шатори, а не лимени контејнери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.