По невремето кое го погоди Кавадарци во саботата навечер, утринава од започна генералното чистење и средување на градот со гребење, чистење решетки и сливници, метење и перење, активни се три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод, Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила.

Педесетина кавадарчани пријавиле дека имаат материјална штета од пројните дождови. Пријавите на оштетените се однесувале за интервенција и санирање на одводи, подрумски простории, наноси. Најавено е формирање на комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.