Доктор Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е нов градоначалник на Прилеп, кој уште во првиот круг победи со 21.196 гласови, или со 6.500 гласови повеќе од противкандидатот Горан Сугарески од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство и во општинскиот Совет.

Од пред општинската зграда, Јовчески рече дека е запишана нова страница во историјата на Прилеп.

Покажавме дека знаеме и умееме демократски да размислуваме и да го избереме најдоброто за градот, за граѓаните. Заедно со граѓаните можеме да придонесеме за развојот на Прилеп, за подобро утре во сите сфери во општественото живеење. За нова иднина, за реализација на проекти за економски, културен, спортски напредок на Прилеп, рече Јовчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.