Кривичниот суд му го замрзна имотот на бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на пропадната „Еуростандард банка“. Блокадата доаѓа на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Под мраз се ставени, хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство. Отворена е предистражна постапка за четири лица, а обвинителството не споделува детали оти во овој дел постапката била тајна.

Со блокирањето на личните средства ми се одзема правото да ја докажам вистината за „Еуростандард банка“. Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна, пишува Костовски во колумна за порталот „Либертас“.

Костовски во колумната посочува дека му е блокиран имотот за кој работел последните 35 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.