Замислете претседателот на Франција или Германија, во говор кон нацијата, ниту еднаш да не го спомне името на својата држава Франс или Дојчланд, реагира актерот Сашо Тасевски, по вчерашното обраќање на претседателот Стево Пендаровски по повод Илинден.

Да го прашам нашиов: Дома, ако детето те праша: А бе тато чиј претседател си, ти му велиш, онака гласно:
На Нашата земја, бе сине!
Или можеби му шепнуваш: На Македонија сум, ама не збори гласно на улица да не те чујат од НАТО, па да не сум веќе претседател, коментира Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.