На пресконференција во владата, заменик-министерот за здравство Асим Муса ќе ја објасни снимката која ја објави албанска телевизија во која се тврди дека тој договара мито за да се направи операција на албански државјанин кај нас без за да се плати во регуларната процедура.

Од Јавното обвинителство велат дека албанските новинари не го пријавиле случајот во полиција.

Сепак според неофицијалните информации ОЈО веќе презема мерки за да ги провери тврдењата на истражувачките новинари.

Истражувачката емисија „Фикс фаре“ од Албанија вчера објави снимки на кои може да се забележи заменик министерот за здравство, Асим Муса, како прима мито. На објавениот видео-запис можен да се забележи како новинарот, кој во улога на пациент се состанува со Муса, за да договорат операција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.