Илхан Рахман, заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ, преку „Фејсбук“ ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

Почитувани,
Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита, порача Рахман.

Почитувани,Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19,…

Gepostet von İlhan Rahman am Sonntag, 18. Oktober 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.