Делегацијата на Владата што ја предводеше заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, придружуван од Стојанче Ангелов, национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

Венци и букети свежо цвеќе на споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев положија и делегации на Претседателот, на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на политичките партии, на повеќе државни институции, и делегации од дипломатскиот кор во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.