Законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници денеска се пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка.

Согласно овие измени уште 1 100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, ќе можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж.

Со новиот Предлог-закон за стечајци се зголемува опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надомест во износ од 9.242 денари.

Кога ги образложуваа измените од Владата и од МТСП, посочија дека досега со неколку законски решенија бил обезбеден финансиски надомест за 11 420 невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост.

Со последните измени вкупно 13 000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.