Натали Петровска од Коалиција за праведно судење, вечерва на Телма изјави дека не може да се избере вршител на должност специјален јавен обвинител на местото на Катица Јанева.

СЈО остана без првиот човек. Аргументи за замена на Катица има, но законот за СЈО не познава вршител на должност. Законот за СЈО е лекс специјалис. Дополнително, донесен е со двотретинско Бадинтерово мнозинство, наспроти Законот за јавно обвинителство. Недостатоците на Законот за СЈО не би можело да се пополнуваат со одредби од Законот за јавно обвинителство, особено што постојат процедури утврдени во самиот закон кои треба да се следат од почеток до крај. И за именување и за разрешување, рече таа.

Петровска потсети дека СЈО има мандат уште една година, до 2020 година.

Обвинителите кои застапуваат не би можеле да работат понатаму. Меѓутоа, останатиот кадар, не е врзан со мандатот на специјалната јавна обвинителка. Меѓутоа, најважното е дека постапувањето, сите тие луѓе во таа зграда, го црпат од замениците на специјалната јавна обвинителка. Но, откако ќе заврши мандатот и на нејзините заменици, на 15 септември, нема да може ништо да се направи потоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.