Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека предлог законот за попис е доказ дека во Мала Речица во седиштето на ДУИ меѓу двата круга на изборите се случила средба меѓу Ахмети и Заев на која е договорено редефинирање на Македонија како унитарна држава.

Со пописот власта сака да даде математичка подлога на политичкиот договор со кој Македонија ќе стане држава со поинакво државно уредување што ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи – вели Мицкоски во интервју на Алфа за емисијата Отворено.

Предходно опозицијата најави дека ќе го бојкотира пописот ако не се почитуваат правилата на Еуростат.

Според предлог-законот за попис треба да се попишат сите граѓани кои што имаат македонски матичен број дури и ако со децении не живеат во Македонија што е спротивно на правилата на ЕУ.

Мицкоски во интервјуто побара политичка одговорност од вицепремиерот Бујар Османи, кој во интервју изјави дека ако Македонија не добие во јуни датум за преговори земјата ќе се распадне.

Дали Македонија ќе се распадне сега кога датум дефинитивно нема во јуни, праша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.