Законот за државјанство денеска помина на Влада и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Плусинфо веќе објави дека Владата ќе му закачи европско знаменце на Законот за државјанство за да во експресна постапка биде донесен во Собранието.

Законот е согласно декларациите за државјанство усвоени во ЕУ. Последните промени беа со кореспондентни табели – комплетно вградување на европските регулативи во нашето законодавство. Се прават пошироки критериумите за решавање на проблемот со државјанството. Генерално сме усогласени, власта и опозицијата. Законот е блокиран од мала политичка партија Левица која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и нетрпеливост што треба да го чуваме и негуваме, а не да го поттикнуваме и разгоруваме – рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања.

Според Заев, иако законот е поднесен на иницијатива на Алијанса на Албанците и Алтернатива, договорено е Владата да го пушти.

Се работи за буквално истиот текст поднесен од пратениците. Службите овие денови ќе го испратат до Парламентот – додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.