Модерна, професионална и ефикасна служба за надворешно разузнавање, способна во секој момент да се соочува со предизвиците, предвидува новиот закон за Агенција за разузнавање кој вчера Владата го прати на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Министерството за правда, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенција за разузнавање, и донесе одлука да биде пуштен на усвојување до пратениците.

Со донесувањето на новиот закон за Агенција, конечено ќе се заокружат започнатите реформи во безбедносниот систем во Република Македонија, како предуслов за влез на државата во НАТО. Ова е во полза на националната безбедност и граѓаните воопшто, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.