Некогашнот сопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим е обвинет за финансиска недисциплина, односно дека не им плаќал на фирми кои испорачале свои услуги.

Како што пишува порталот „Правосудство.мк“, судењето на Керим е закажано за првата половина на декември, иако УЈП против него почнала постапка уште во февруари 2018 година.

Во Барањето за поведување прекршочна постапка стои дека „врз основа на извршен надзор врз должникот ‘Медиа Принт Македонија’, а за што е изготвен записник број 25 од 18.06.2017 година, констатирано е дека должникот не ги исполнил паричните обврски кон доверителот ‘Офсет Ацо ДООЕЛ’ и ‘ИН Такси’“.

Керим бил известен за поведената постапка пред државните инситуции, но тој го игнорирал известувањето и не го плаќал долгот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.