Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за во четврток во 12 часот..

Иако не е познато дали седницата ќе биде јавна, Димовски, изјави дека извештајот за специјалната обвинителка Катица Јанева кој е испратен од Советот на јавни обвинители до Собранието треба да биде декласифициран и јавноста да присуствува на комисиската расправа за нејзино разрешување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.