Ѓорѓи Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, утрово добил закани по живот, но и по животите на членовите на неговото потесно семејство. Во статусот кој денеска го објави Влајнкиноски пишува:

Утрово добив телефонски повик од лицето Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани. Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запален куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци. Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.

Влајнкиноски додал дека и синот на Лешоски му се заканувал исто така на телефон. Тој вели дека разговорите се снимени во целост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.