Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова појаснува за партискиот предлог Ристо Пенов да ја преземе министерската функција од нивниот сопартиец Горан Милевски, кој си поднесе оставка од раководната функција во Министерството за локална самоуправа.

Сметавме дека како човек кој што има навистина успешни проекти додека го водеше градот, дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, но и тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт, вели пратеничката Зајкова.

Инаку, на синоќешната седница на Централниот одбор на ЛДП била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.