Разрешено е целото раководство на СДСМ, според неофицијални информации од вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

Разрешени се сите потпретседатели, извршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата. За нов генерален секретар е избран министерот за земјоделство Љупчо Николовски, објави „Независен“.

Потпретседатели на партијата се, Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Дамјан Манчевски.

Пред одржувањето на ЦО на СДСМ, оставка на функцијата претседател на Форумот на жени на партијата дала и Цветанка Ласкова.

Повеќе детали очекуваме наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.