Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на враќање од посетата на Париз оствари средба со Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија.

На средбата беа разгледани актуелностите поврзани со кризата од КОВИД и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици. Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Македонија.

Во продолжение на средбата беше разговарано за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и приликата ја искористија и за размена на мислења и за други теми од заеднички интерес за двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.