Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева по средбата со шефот на Македонската дипломатија Никола Димитров во Софија, изјави дека пред два дена имаше состанок на историската комисија со Македонија на која не беше постигната согласност околу личноста на Гоце Делчев.

Нема зошто датумот 7 октомври да биде прифатен за заедничко чествување. Заедничка цел е и желба на двете влади е до крајот на годината оваа историска комисија да постигне поголем напредок.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров посочил дека ликот и делото на Гоце Делчев требало да биде мост кој ги поврзува разликите за Делчев од минатото со она што го имаат двете земји сега.

Сакам да апелирам на мудрост. Кога има блискост и пријателство, не треба да се поставуваат ултиматуми, изјавил Димитров прашан да ја коментира вчерашната изјава на вицепремиерот и министер за одбрана Кракачанов, дека ако Македонија продолжи со извртување на историјата , Бугарија да не ја поддржи за членство во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.