Докторите алармираат дека долготрајната изложеност на штетните ПМ10 честички може да го зголеми ризикот од вирусни заболувања, вклучително и од КОВИД-19 – дури и кај
сосема здрав човек.
Пулмологот Докиќ објаснува дека канцерогената прашина од загадувачите ги активира рецепторите на клетките, со што респираторните патишта се изложени на директен удар од
респираторните патишта се изложени на директен удар од инфекција.

Озонот, азотниот двеоксид, сулфурниот диоксид, издувните гасови од дизел горивата, сите тие заедно претставуваат оксиданси кои што предизвикуваат воспаление на слузокожата, на респираторниот тракт – од носот па се до алвеолите на белите дробови на здрави испитаници. Истото претпоставувам дека ќе се случува и се случува со оние пациенти кои што ќе бидат заболени од Sars-Cov-2 вирусот – вели д-р Дејан Докиќ, за Канал 5.

Во услови на висока загаденост кога треба да се избегнува проветрувањето на просториите, Докиќ ги истакна двата најважни елементи на кои треба да се внимава – да се носат
маски во затворен простор и да се имунизира организмот со витамини. Според него, маските Н95 штитат подеднакво и од корона и од аерозагадување.

Носењето маски, особено во затворен простор, во моментов е едно оптимално решение. Витамини од типот на витамин Ц, Д, цинк и некои други микроелементи доколку ги земаат редовно можат на некој начин да го намалат штетното влијание на оксидансите односно аерозагадувачите.на своето здравје – вели д-р Дејан Докиќ, пулмолог.

Густата магла и непријатниот мирис кои беа забележливи изминативе неколку дена ги наговести старите маки на граѓаните со аерозагадувањето. ПМ10 честичките нападнаа повеќе скопски општини, како и Куманово, Кавадарци, Тетово.
Засега рекордот го држи Лисиче, синоќа во оваа населба беше загадено пет пати над дозволеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.