Член 43 од Устав на РМ – Јани Макрадули

Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина – ова е статусот со кој новинарот Огнен Чанчаревиќ му се обрати на Јани Макрадули, замeник министер за животна средина, откако Скопје се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

Но Макрадули, кој важи за политичар кој е активен на социјалните мрежи, како и за министер кој протестираше за чист воздух, синоќа имаше поважна работа. Па наместо збор- два за труењето на граѓаните, тој посвети два збора за фудбалот. Во неговиот фокус беше фудбалскиот меч Арсенал Берлин… Горчлива била победата…

Министре, горчлив е и воздухот што го дишеме… Отровен, смртоносен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.