Откако вчера Бојан Јовановски вчера даваше исказ во Обвинителството и по признанието на Ден Дончев за снимката на која на дело се гледа како зема мито, власта во заминување станува се понервозна. Довчерашните „перјаници“ на власта сега станаа нивни противници.

Веќе е јасно дека отако популарниот Боки 13 сфати дека е пуштен низ вода и оти следните десетина години, а може и повеќе ќе треба да ги мине во затвор реши да „пропее“.

(фото: МИА)

Тој вчера даде исказ за кривичните пријави што ги поднесе во Обвинителство за , засега непознати сторители за злоупотреба на службена положба и овластување, давање лажен, како и за противзаконито влијание. Згора на тоа неговиот адвокат Дукоски за „Република“ потврди дека од неговиот телефон некој му се заканувал на Боки да „пази што зборува“

Дека сите патишта во случајот „Рекет“ одат кон семејството Заеви потврди и Јовановски по изрекувањето на пресудата.

Тој беше јасен дека ова е политичка пресуда и оти „парите рекетирани во оваа Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“.

Нервозното однесување на власта се гледа и од случајот со Ден Дончев. Иако за првпат се случува македонски политичар да биде фатен со мито и со купче пари во раката, Заев не се огради од него.

Напротив, се обиде и да го испере и оправда што и логично бидејќи и тој се споменува во аудио разговорите.

Заедничко за „случајот Дончев“ и „случајот Јовановски“ е што обвинителката Вилма Рускоска не сака да се вештачат нивните телефони во кои е јасно дека ќе се најдат имињата на Зоран и Вице Заев , но и на уште неколкумина од раководството на СДСМ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.