Премиерот Зоран Заев смета дека парламентарното мнозинство може само да расне, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен пред се поради добрите политики кои ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден цел мандат, да покаже што умее и граѓаните да го почуствуваат бенефитот.

Добрите политики, нагласи тој, се отсликуваат и во држење и на стабилното мултиетничко општество, јасните економски перспективи, економски мерки кои повлекуваат зголемување на просечната и минималната плата, како и подобар стандард на граѓаните воопшто.

Тоа се политики на оваа Влада. Сето друго е ризикот кој треба да го прифатиме. Мојот прв опонент Христијан Мицкоски „С“ од Cеверна не употребува, може да замислите што ќе биде во државата. И, зошто да одиме на парламентарни избори? Зарем не е потребно да дадеме еден мандат од четири години конечно и власта да покаже што може и економските бенефити да ги почуствуваат граѓаните – истакна премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.