Лидерот на  СДСМ Зоран Заев коментирајќи го новиот предлог за Законот за јавно обвинителство рече дека е можно да биде донесен пред распуштањето на Собранието и оти ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство.

Тоа е комплексен закон што и е потребен на земјата во европските интеграции. Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдемем решение. Сега сме растоварени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растоварени можеме во парламентот да договориме структурно, суштинско решение за јавното обвнителство што би било поддржано од сите. Навистина верувам дека ќе се изнедри двотретинско мнозинство заради обврската, одговорноста што ја имаме пред народот и државата-нагласи Заев.

Тој не исклучи одржување на лидерска средба уште следната недела.

На крајот на денот не се прашуваат само Заев и Мицкоски. Тука се и другите политички партии, независната пратеничка група, за да може сите да дадат свои сугестии за едно вакво суштинско, структурално решение – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.