Законот за јавни собири кој требаше денеска да биде на дневен ред на владината седница експресно беше повлечен поради реакции на граѓаните. На прес конференцијата која се одржа денеска Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале.

Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. Ќе ги слушнеме граѓаните, невладиниот сектор, ќе видиме како демократиите го прават тоа. Веднаш на седница на која почна денеска се носи само буџетот и донесовме одлука веднаш и го повлековме законот, изјави премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.