Во своето сведочење на судењето за „27 април“, поранешниот министер Никола Тодоров, истакна дека во тој период биле на добар пат да се договорат за широка коалиција.

Ова го зборувам за прв пат. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО – изјави Тодоров во сведоњето.

По таквата изјава на Тодоров, од „Фокус“ поставиле прашање до премиерот Зоран Заев за коментар, односно дали имало таков договор, на што Заев одговорил дека такво нешто немало, односно дека тој не бил информиран.

Со мене пред 27 април и на 27 април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале – вели Заев за „Фокус“.

Досега само се шпекулираше дека во тој период се кроел план за широкока колиција, а денеска Тодоров за прв пат и јавно проговори.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, во тој период покрај официјалните преговори на Заев и Никола Груевски со работните групи, се воделе и паралелни неофицијални преговори меѓу блиски лица на тогашните лидери Заев и Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.