Средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може само да биде од корист, нема зијан од тоа, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја утрешната средба на шефот на државата со опозицискиот водач.

Нека има дијалог, од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Го одложивме пописот, почна набавката на скенерите за отпечатоци, а за возврат очекуваме деблокада на работата на парламентот. Така, се донесе петтиот пакет антикризни мерки, иако и тогаш требаше да доаѓаат во Собранието пратеници во скафандери, рече Заев откако денеска се вакцинираше против ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.