Јас сум човек кој гради пријателство. Бугарија е наш стратешки партнер и тоа еден од најголемите на Северна Македонија. Таа е авангардниот поддржувач на нашите процеси. Ова го изјави Заев на прес-конференција по изјавата на Румен Радев дека должност на Бугарија е да ја поддржува Македонија но не безусловно.

Можеби тоа е мотивација да се надминат прашањата кои се отворени, пораката верувам дека е во тој дух – вели Заев.

Инаку, Радев изјави дека потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ и дека Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува земјава.

Тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии – вели Радев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.