Зоран Заев и неговата СДСМ маршираат, а никој не знае зошто. Власт бара правда. И додека сите се прашуваат која е причината да биде парализирано Скопје, Заев троши илјадници евра за својата најнова нелогична игра. Според информациите за приватниот марш потрошил 150.000 евра. Автобуси доаѓаа од цела Македонија, се снимаше спот, приватна продукција, а ништо поевтина не е ни бината која е поставена.

150 000 евра за марш во тишина. На чело на маршот Заев. До него дел од неговите сопартијци. Оние кои се првиот ред држат платно на кое пишува „Чекориме за правда“, а интересно е што нема никакви скандирања и учесниците на маршот се движат во тишина.

Останатите прашуваат Побогу, зошто?! Ако му беше целта да покаже моќ и сила, и тоа не му успеа – празните улици се доказ за тоа. Дали Заев заборави дека СДСМ е на власт, или можеби бара правда од Владата предводена од Оливер Спасовски?! Маршира ли Зоран Заев за личен спас и спас на неговата фамилија, како и најблиските соработници. Доколку му е целта да ја тестира поддршката која ја има пред претстојните избори, резултатот не му оди во прилог, црно му се пишува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.