Последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја ебел“ била последица на долго седење во кафеана.

После два саати и 17 минути во кафеaна на слободен разговор, се случуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја – рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Заев додаде дека за ова веќе се извинил преку својот профил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.