Јас не очекувам и не помислувам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да победат на изборите. Што се однесува за лидерската средба, човекот е „ни се води, ни се гони“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ, кој на денешната прес-конфренција одговараше на прашања за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство.

Тој верува дека ќе се изнајде решение.

Јас ќе се обидам прво со осумте пратеници. Недонесување на законот не дава правна рамка за да независно работат јавните обвинители и судии во државата. Нашите граѓани бираат кој ќе биде власт, а кој ќе е премиер. Доста време државата останала во калта, скарана со соседите“, истакна Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.