Не само што реагирав, туку јас сум згрозен од таа постапка која произлезе од т.н „бомба“ за тепањето на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за „Сител“.

Тоа е видео снимка што се појавила на социјалните мрежи, и оставам органите на истрагата тоа да го потврдат. Апелирам да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди во истрагата дека е тоа точна, треба да си носи одговорност. Секако и јас сум првиот што ќе побарам оставка. Оваа Влада покажа и досега. Првиот дел имаме осум сменети министри, сега имаме шест. Директори се сменија и ќе се сменат. Никогаш не било така да се има таква одговорност, но сите треба да тргнеме од личната одговорност и затоа при вакви случаи дефинитивно ако истрагата потврди она што го видовме буквално дека е такво и кога ќе се утврдат сите околности, зошто фер е да се слушне и другата страна за тоа што била причината, рече премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.